ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ПОВТОРНО Е ЗАТВОРЕН! – Иран објави дека се враќа претходната состојба на „строга контрола“ на преминот

Здружениот генералштаб на иранската армија објави дека ќе го вратат Ормутскиот теснец под „строга контрола“ како одговор на одлуката на САД да ја одржат блокадата на иранските пристаништа во Персискиот Залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека блокадата на САД останува на сила и покрај тоа што Иран претходно ја олесни сопствената блокада на клучната бродска линија, клучна за глобалниот извоз на нафта.

Не е јасно дали теснецот повторно ќе биде затворен

Портпаролот на Централната команда на Хатам ал-Анбија изјави дека клучниот воден пат ќе се врати во претходната состојба на строга контрола поради одбивањето на САД да ја укинат блокадата. Сè уште не е јасно дали ова значи дека теснецот повторно ќе биде во голема мера затворен, по зголемувањето на сообраќајот утрово. Податоците за следење на бродовите покажаа дека сообраќајот продолжил и по 9 часот наутро, пренесува Индекс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано