САД ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РУСКА НАФТА на барање на десет земји, изјавил министерот за финансии на САД

Министерот за финансии на Соединетите Американски Држави, Скот Бесeнт, изјави дека САД го продолжиле олеснувањето на санкциите за руската и иранската нафта за 30 дена, на барање на најранливите земји поради евентуален недостиг поради затворањето на Ормускиот теснец.

Бесент на сослушувањето пред поткомитетот за буџет на американскиот Сенат изјави дека барањата дошле од финансиски претставници на околу десет земји за време на минатонеделните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Бесент се соочи со критики за одлуката на администрацијата да ги ублажи санкциите, додека сенаторот Крис Кунс изрази загриженост дека Иран заработил 14 милијарди долари од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари, а дека Русија заработува дополнителни 150 милиони долари дневно.

Министерот ги отфрли тие тврдења, наведувајќи дека одлуката спречила нагло зголемување на глобалните цени на нафтата, кои, како што рече, би можеле да достигнат 150 долари за барел, и додаде дека ова обезбедило стабилно снабдување на светскиот пазар со околу 250 милиони барели нафта, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано