ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИ  СЕ ОДРАЗИЈА НА ЦЕНИТЕ НА ЗЛАТОТО И СРЕБРОТО

Цената на среброто забележа силен пад од над четири проценти, додека на златото се лизна под 4.700 долари за 31,1 грам унца, оставајќи го за 16 проценти под рекордот во јануари.  Новото зголемување на геополитичките тензии не им помогна на цените на благородните метали. Причината се неповолните инфлациски очекувања и последователен притисок врз повисоките каматни стапки.

Златото игра сè поважна улога во резервите на централните банки ширум светот, веќе има удел од 24 проценти. Неодамна, дури и го надмина уделот на американските обврзници. Во последниот квартал од 2015 година, односот беше сосема поинаков, бидејќи обврзниците сочинуваа една третина од резервите на централните банки, додека златото беше само 9 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано