ЗЕМЈИТЕ ОД СЕВЕРНАТА ХЕМИСФЕРА ЛЕТОВО МОЖАТ ДА ОСТАНАТ БЕЗ РЕДОВНО СНАБДУВАЊЕ СО НАФТА, преупредувачко соопштение од глобалните институции

ЗЕМЈИТЕ ОД СЕВЕРНАТА ХЕМИСФЕРА ЛЕТОВО МОЖАТ ДА ОСТАНАТ БЕЗ РЕДОВНО СНАБДУВАЊЕ СО НАФТА, преупредувачко соопштените од највлијателните светски организации

Шефовите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Светската трговска организација (СТО) денес предупредија дека поради војната на Блискиот Исток, постои ризик за снабдувањето со гориво во текот на летото, доколку испораката на нафта преку Ормуcката Теснина не се врати во нормала.

Глобалните институции изјавија дека војната меѓу САД и Израел против Иран го нарушила тргувањето, ги потресла финансиските пазари и предизвикала загриженост во врска со глобалните снабдувања со енергија, особено преку Ормуската Теснина, клучен пат за испорака на нафта и гас.

Во заедничката изјава се вели дека светската економија останува отпорна, но дека последиците од конфликтот на Блискиот Исток непропорционално влијаат врз посиромашните земји преку повисоки цени на горивото и ѓубривата, зголемена неизвесност и ризици за работните места.

Се додава дека шефовите на овие институции се состанале вчера за да разговараат за тоа како треба да одговорат на економското влијание на војната.

„Доколку протокот на превоз не се врати во нормала, континуираното брзо намалување на глобалните залихи на нафта пред врвот на летната побарувачка за нафта на Северната хемисфера би претставувало зголемен ризик за безбедноста на горивото, пазарните услови и пошироката економска отпорност“, се вели во заедничката изјава.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес ќе донесе одлука за потенцијален договор со Иран за продолжување на прекинот на огнот, што би морало да вклучува отворање на Ормуската Теснина и демонтирање на капацитетот на Техеран за производство на нуклеарно оружје, но состанокот, според медиумите, завршил без одлука.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано