ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ ГОДИНАВА НАМАЛЕН БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА 2,8 ОТСТО

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 % во јули 2026 во однос на јули 2025 година

Бројот на работниците во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7,8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се намалил во групите Енергија за 3,3 %, Капитални производи за 2,3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,0 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – јули 2026 во однос на периодот јануари – јули 2025 година се намалил за 2,8 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 100.9.

Индустриското производство во јули 2026 година е зголемено за 1,3 % во однос на јули 2025 година, објави вчера ДЗС.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано