Во авионот на пат кон Мадрид, во неформален разговор со новинари кои ја следат неговата посета, Папата Лав XIV хумористично одговори на прашање кое долго време ја интригира спортската јавност.
Неговата изјава брзо стана една од главните теми во шпанските медиуми.
Папата Лав XIV призна за време на летот за Шпанија, каде што е во повеќедневна посета, дека е навивач на Реал Мадрид. Иако нагласи дека неговата улога е да „припаѓа на сите тимови“, тој приватно негува симпатии кон мадридскиот клуб, објави шпанскиот весник Марка.
Кога директно го прашаа дали го претпочита Реал Мадрид или Барселона, тој даде дипломатски, но недвосмислен одговор:
„Едноставно е – папата ги поддржува сите тимови, но Роберт Превост го поддржува Реал Мадрид“, рече папата Лав XIV.
Овој хумористичен контраст помеѓу неговата официјална улога како водач на сите католици и неговите лични преференции предизвика насмевки и одобрување кај присутните во авионот.
Реакциите од светот на фудбалот следеа речиси веднаш. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги опиша зборовите на Папата како „голема чест и гордост“ за целиот клуб.
Папата Лав XIV е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави.
Иако сега ја откри својата наклонетост кон Реал Мадрид, папата Лав XIV е познат и како голем обожавател на други спортови. Тој е особено љубител на тенисот и бејзболот, спортови кои се многу популарни во Соединетите Американски Држави, пренесува РТС. .
Фото Економија и бизнис








