Vranec World Day 2026 на 5 октомври во КИЦ Скопје

Vranec World Day 2026

На 5 октомври 2026 година, во Културно Информативен Центар – Скопје, ќе се одржи осмото издание на Vranec World Day, настан посветен на една од најзначајните и најпрепознатливи вински сорти на Балканот, Вранец.

Во организација на Здружението „Вина од Македонија“, Vranec World Day и оваа година ќе ги обедини домашните винарии, винските професионалци, експертите, новинарите, претставниците на винската и бизнис заедницата, како и љубителите на виното.

Целта на настанот е да се продолжи меѓународната промоција на Вранецот и неговото позиционирање како автентична регионална сорта со силен идентитет, потенцијал и значење за развојот на винската индустрија и винскиот туризам.

Во рамки на Vranec World Day 2026 ќе бидат претставени селекција на вина од Вранец од домашни винарии, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни стилови и интерпретации на
сортата и подобро да се запознаат со нејзиниот карактер и потенцијал.

Во изминатите години, Vranec World Day прерасна во препознатлива платформа за промоција на
Вранецот и македонското вино пред домашната и меѓународната јавност, со цел создавање поголема
видливост и препознатливост на сортата на странските пазари.

Повеќе информации за програмата, учесниците и деталите за настанот ќе бидат објавени дополнително.

Можете да купите карти на следниот линк:
https://www.vranecworldday.com/ticket/vranec-world-day-2026/

Повеќе од истиот автор

Најчитано