Во некои делови од Јапонија, во текот на изминатиот месец наврна три пати повеќе дожд од просекот, а постои и ризик од лизгање на земјиштето
Обилните дождови погодија големи области на северна и западна Јапонија, додека во централниот дел на Токио беа регистрирани 35 последователни дена со дожд, што е најдолгата низа од почетокот на мерењата, објави денес Јапонската метеоролошка агенција.
Агенцијата соопшти дека дождот паѓа во областа од Хокаидо до регионот Кјушу, од крајниот север до југозападот на земјата, поради стационарен есенски фронт.
Дождливо време преовладува главно по должината на пацифичкиот брег на источна Јапонија, а во центарот на Токио врнеше дожд 35-ти ден по ред, соборувајќи го претходниот рекорд поставен во 2019 година.
Фото Економија и бизнис








