Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК

На денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата беа спроведени интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата. На огласот пријавени беа петмина кандидати Милка Муратовска, Тања Левајковиќ, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Катерина Зајковска. Станува збор за повторен оглас, бидејќи претходниот обид пропадна откако беа изразени сомнежи дека двајца од кандидатите имале некаква поврзаност со изборни кампањи.

На денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата беа спроведени интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата. На огласот пријавени беа петмина кандидати Милка Муратовска, Тања Левајковиќ, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Катерина Зајковска. Станува збор за повторен оглас, бидејќи претходниот обид пропадна откако беа изразени сомнежи дека двајца од кандидатите имале некаква поврзаност со изборни кампањи.

Испразнетото место во ДКСК е по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, таа не пријавила дека една од фирмите учествувала во изборната кампања на Гордана Сиљановска-Давкова. 

Пратениците, претставниците на невладините организации и институциите на седницата имаа можност непосредно да поставуваат прашања во врска со нивното досегашно професионално искуство, нивните идни планови како членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и прашања од областа на спречувањето на корупцијата.

Прашањата што кандидатите ги добија од претставниците од невладините организации и пратениците се однесуваа на аферите во институциите каде што овие кандидати се вработени.

Катерина Зајковска, која е дипломиран економист и вработена во ДКСК одговорна за следење на финансирањето на изборните кампањи, на прашањето од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска како гледа случајот со Ристовска, таа одговори дека може да каже само за сопствениот кредибилитет, но не и за на кредибилитетот на другите.

-Со овие две постапки сепак е нарушен кредибилитетот на ДКСК и дека треба во иднина да се јакне довербата кон граѓаните пред се и кон институциите. Поради тоа, мислам дека треба да се има предвид дека личниот интегритет е сепак над институционалниот. Тука можам да одговорам само за личниот интегритет, дека досега сум ги извршувала моите задачи целосно професионално и во согласност со законските решенија – рече Зајковска.

Владимир Клековски, дипломиран правник од Скопје кој работи како адвокат и е брат на директорот на ФЗО Сашо Клековски, oд невладините организации беше прашан како тој би се справил доколку се појави нужност да се врши некоја ревизија во Фондот.

-Имам член на семејство кој е избрано и именувано лице, влегува во таа дефиниција. Во моментов е директор на Фондот за здравствено осигурување, а претходно беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Би се справил на начин на којшто е предвидено во законските прописи и на кој начин на кој се справуваат сите други избрани и именувани лица кои ќе дојдат во таква ситуација – преку институтот на изземање – рече Клековски.

Слично прашање беше поставено и за Марија Катралова Китанов, дипломиран економист која работи како ревизор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде имаше големи скандали. Беше прашана дали таа забележала нешто во институцијата во која работи, за што Карталова Китанов потенцира дека не забележала ништо, посочувајќи дека ревизорите имаат можност само да утврдат дали имало некакви неправилности но одговорноста понатаму е на менаџментот на институцијата.

-Точно дека ние мора да сме независни и објективни и така сме, ама работиме по план кој е претходно одобрен од директорот и за секоја поединечна ревизија добиваме првин одобрение.

Тања Левајковиќ истакна дека има професионално искуство повеќе од 30 години во финансиско управување, корпоративни услуги и јавен сектор, од кои над две на високи раководни позиции во државни институции и меѓународни организации за спроведување на законот. Потенцира дека била помошник министер за финансиски работи во МВР и директор за правни и внатрешни работи на Центарот за спроведување на законот во Југолисточна Европа со седиште во Букурешт, Романија.

-Не можам да кажам дека сум се судрила со злоупотреби, бидејќи сите тие предмети што беа предмет на СЈО, тоа беа во периодот пред да се формира Одделение за финансиски прашања каде што јас станав помошно. Но, со самото назначување, веднаш сум отпочнала со системот за контроли, со процедури коишто многу значат и се огромен контролен механизам особено во тие финансиски процеси.

Милка Муратовска, магистер по правни науки која работи како советник за заштита на уставните и законските права на граѓаните кај Народниот правобранител, истакна дека треба да се обезбеди и надзор кој го прават органите едни на други има влијание во тоа колку и како ќе се спроведат актривностите од Националната стратегија.

-Мојата работа и народниот правобранител опфаќа заштита и дел превенција. Во делот на заштита работиме предмети, тоа е работно работење, заштита на права и тука сме поделени по повеќе области. Многу е битно да се направи дистинкција кои предмети може да ги работи самата ДКСК, а за кои предмети се надлежни другите органи. Тие рпедмети каде што има тешки кривични дела, се знае кои орган е надлежен за постапување. меѓутоа, сметам дека предметите исто така се битни се во делот на имотната состојба. Тука се појавува проблем со регистарот на избрани и именувани лица. Доколку се најде начин да се наполнат податоците како што треба, да бидат соодветни да ја претставуваат состојбата која сега ја имаат, во тој случај може да се утврди дали и каде би имало судир на интереси и тие се тие предмети во кои сметам дека треба првенствено да се постапува. Сметам дека ДКСК сепак треба да ја вклучи повеќе јавноста, да биде потранспарентна во одлуките кои ги донесува – рече Муратовска.

По завршувањето на интервјуата со сите кандидати, Комисијата за прашања на на изборите и именувањата во рок од три дена од Комисијата за селекција треба да добие изготвена ранг-листа на кандидати. И врз основа на истата, Комисијата за прашања на изборите и именувањата во рок од два дена треба да достави предлог за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата до Собранието.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано