Во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење, што е за 18,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21 777 160 илјади денари, што е за 315,5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на автопат А4, делница ГП Блaце – Скопје.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 224 (67,3 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (5,4 %) за објекти од нискоградба и 91 (27,3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 333 објекти, на 231 (69,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 (30,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 030 станови со вкупна корисна површина од 80 530 м2. Во Скопскиот регион се предвидени за градба 551 стан.
Главни поенти
Во август 2026 година:
- Најмногу одобренија за градење, 224, се издадени за високоградба
- Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 105
- За изградба се предвидени 1 030 станови
Фото Економија и бизнис








