Од Земун Поље, преку Сурчин и аеродромот Никола Тесла, до Националниот стадион, ова е новата железничка линија која треба да го поврзе западниот дел на Белград со железничкиот систем на градот. Така, во наредните месеци, главниот град на Србија би можел да добие една од најважните нови железнички врски во својата модерна историја.
Новата железница е долга 18,3 километри, проектирана е за брзини до 120 километри на час, а новите композиции на возови што ќе сообраќаат по новата железница ќе пристигнат од Кина. Идејата е со железница да се поврзе Белград, аеродромот, Сурчин и комплексот ЕКСПО 2027.
Од Сурчин до центарот на Белград ќе може да се стигне за 20 минути.
Со завршувањето на овој проект, според зборовите на министерот за финансии во техничкиот мандат, Синиша Мали, ќе се исполни историскиот сон за поврзување на центарот на Белград со аеродромот „Никола Тесла“.
Според најавите, линијата Земун Поље – Аеродром – Национален стадион ќе биде отворена за сообраќај во март или април следната година. Досега се изградени 11 километри железница.
„Освен Софија и Атина, Белград станува еден од ретките градови во Европа што има директна железничка врска помеѓу аеродромот и центарот. Очекуваме околу четири милиони посетители на Експо и треба да ги транспортираме сите тие луѓе“, рече Софронијевиќ, пренесува Еуроњуз.рс.
Фото Економија и бизнис








