Цените на услугите во одделот Поштенски и курирски услуги во второто тримесечје од 2026 година пораснале за 24,9 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година,
Во второто тримесечје од 2026, во споредба со второто тримесечје од 2025 година, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 7,6 %, објави Државниот завод за статистика.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 7,1 %, а кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 24,9 %.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 5,2 % во одделот Телекомуникации.
Главни поенти
Цените на услугите во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година се зголемиле за:
- 7,1 % кај копнениот и цевководниот транспорт
- 5,2 % во одделот Телекомуникации,
- 24,9 % кај поштенските и курирските услуги
Фото Економија и бизнис








