ВИЕНСКИОТ ИНСТИТУТ СО ВЛОШЕНА ПРОГНОЗА ЗА УКРАИНСКАТА ЕКОНОМИЈАТА, се очекува руската економија да порасне за 0,6 проценти оваа година

Виенскиот институт за меѓународни економски споредби (WIIW) денес ја намали прогнозата за раст на украинската економија за 2026 година на 0,6 проценти, од претходно очекуваниот еден процент, поради континуираните руски напади врз енергетската инфраструктура и другите делови од економијата.

Институтот ја намали прогнозата за раст за 2027 година за 0,4 процентни поени, на 2,1 процент, под услов Украина да добие доволна финансиска и воена помош од странство. Руските напади уништија енергетски постројки, инфраструктура и капацитети за претовар на стоки на Црното Море.

Извозот на жито од Украина се намали за 70 проценти во август во споредба со јули, додека челичната индустрија беше исто така силно погодена од нападите.

Економскиот раст на Украина е дополнително забавен од високата инфлација и каматните стапки, наведува институтот, оценувајќи дека економијата на земјата е во тешка ситуација пред претстојната зима.

Руската економија исто така страда од последиците од војната, но Москва треба да може да финансира воени операции и во следната година, според Василиј Астров, експерт во Институтот за руска економија.

Се очекува руската економија да порасне за 0,6 проценти оваа година, а за 1,3 проценти во 2027 година.

Украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии предизвикаа криза на пазарот на гориво и зголемени инфлаторни притисоци, поради што Москва воведе забрана за извоз на гориво, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано