Вештачката интелигенција ќе ја менува и работата на HR професионалците

Вештачката интелигенција, дигитализацијата и автоматизацијата сè повеќе ќе влијаат врз процесите поврзани со вработените, а професионалците за човечки ресурси ќе имаат клучна улога во нивното одговорно воведување во компаниите.

Според Дарко Петровски, технолошките промени стануваат сè помасивни и побрзи, што носи силни влијанија врз процесите поврзани со луѓето и нивниот животен циклус во организациите. Во Македонската асоцијација за човечки ресурси на новите технологии гледаат како на алатки што можат да ги подобрат и поедностават процесите во компаниите.

Во интервју за Економија и бизнис, тој нагласува дека нивното прифаќање треба да биде проследено со критичка анализа на ризиците и негативните последици, како и со прилагодување на технологијата кон потребите на човекот.

Петровски посочува дека улогата на HR менаџерите ќе биде особено значајна во имплементацијата на новите технолошки решенија, со оглед на промените што тие ќе ги донесат во начинот на работење и потребните знаења и вештини.

Тој информира дека веќе е подготвен прв професионален стандард и насоки за одговорно, ефективно и етичко користење на вештачката интелигенција во менаџментот со човечките ресурси. Стандардот треба да биде разгледан на Делегатското собрание на Европската асоцијација во Атина во средината на октомври.


Целото интервју можете да го прочитате на следниоот ЛИНК

Повеќе од истиот автор

Најчитано