Вештачката интелигенција веќе има значајна улога во платежниот екосистем, особено во откривањето и спречувањето измами, а нејзиното влијание се очекува дополнително да расте во наредните години, вели Бартож Циолковски од Мастеркард, во интервју за Економија и бизнис.
Според него, ВИ овозможува анализа на огромни количини трансакциски податоци во реално време и препознавање сомнителни обрасци со поголема брзина и прецизност од традиционалните методи. На тој начин финансиските институции можат поефикасно да спречуваат измами, без непотребно да го нарушуваат искуството на клиентите при легитимни трансакции.
ВИ истовремено отвора простор за поперсонализирани дигитални интеракции, подобра корисничка поддршка и поинтуитивно банкарско и трговско искуство.
Циолковски посочува и на развојот на таканаречената агентска трговија, во која интелигентни дигитални асистенти би можеле да им помагаат на корисниците при изборот и купувањето производи и безбедно да спроведуваат трансакции во нивно име. Тоа, според него, ќе бара нови инфраструктурни стандарди за да се зачуваат безбедноста, приватноста и довербата на корисниците.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








