В петок истекува рокот за отплата на заостанатите долгови за вода, без пресметка на камата за задоцнето плаќање

Во тек е последната недела од акцијата за отплата на заостанатите долгови, без пресметка на камата за задоцнето плаќање – информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Рокот за искористување на можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата истекува на 5 јуни. 

Од јавното претпријатие ги повикуваат сите корисници што имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен) да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

– Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани во согласност со Уставот и со законите и институциите што вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Град Скопје, како и од општините во градот Скопје – појаснуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано