Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5,7 отсто, а цените на мало за 5,0 отсто

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5,7 %, а цените на мало раст од 5,0 %, објави Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 %. 

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10,1 %, Рекреација, спорт и култура за 1,4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во април годинава, пак, во однос на март, забалежале раст од 3.2%.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано