Танкер оштетен од поморска мина во Ормуската Теснина

Танкер за нафта е оштетен од експлозија во Ормуската Теснина откако налета на поморска мина, објави денеска иранската новинска агенција Тасним.

Танкерот налетал на мина откако отстапил од рутата што ја одреди Иран.

Иранските власти сè уште официјално не го коментирале инцидентот.

Иран инсистира бродовите во Ормуската Теснина да го користат северниот коридор, кој поминува низ иранските територијални води, и да добијат претходна дозвола од Техеран. Иранските тврдат дека само таа рута е безбедна за пловидба и предупредија дека нема да преземат одговорност за минување низ други места.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано