
Прометот на Македонската берза падна за 41 %, Комерцијална банка повторно најтргувана акција
Тргувањето на Македонската берза во периодот од 20 до 24 јули достигна 55,9 милиони денари, што е речиси 41 % помалку од претходната недела. Комерцијална банка беше најтргуваната акција, додека Алкалоид оствари најголем раст на вредноста.





