ИНФО
- Град: Арлингтон (Далас метропола)
- Држава: САД
- Капацитет: околу 94.000 гледачи
- Отворен: 2009
- Домаќин: Dallas Cowboys
- Интересен факт: еден од најголемите видео-екрани во спортот
AT&T Stadium во Арлингтон, во срцето на Тексас, е еден од најимпресивните спортски објекти во САД и ќе биде важна сцена на Светското првенство 2026. Познат и како „Дворецот на Каубојс“, овој стадион е симбол на американската спортска грандиозност и инженерска амбиција.
Отворен во 2009 година, AT&T Stadium веднаш се истакна со својот футуристички дизајн и огромниот подвижен покрив. Но она што најмногу го дефинира е неговиот централен видео-екран, еден од најголемите во светот (25.000 квадратни метри видео дисплеи), кој доминира над теренот и создава чувство дека се наоѓаш во спортски театар со огромни димензии.
Стадионот е дом на Dallas Cowboys, еден од најпознатите и највредни спортски брендови во светот. Покрај NFL натпреварите, тука редовно се одржуваат големи концерти, боксерски мечеви и меѓународни настани, што го прави еден од најфреквентните спортски комплекси во САД.

Во контекст на Светското првенство 2026, AT&T Stadium ќе донесе вистинска „тексашка“ атмосфера — голема, гласна и спектакуларна. Далас метрополата е позната по спортската култура и огромната публика, што гарантира дека секој натпревар ќе има дополнителна енергија.
На овој стадион ќе се играат најмногу натпревари од сите стадион, вкупно девет, вклучувајќи пет во групната фаза, четири нокаут натпревари и едно полуфинале. Во групната фаза на него ќе играат: Холандија-Јапонија, Англија-Хрватска, Аргентина-Австрија, Јапонија-Шведска и Јордан-Аргентина.
Со својата големина, технологија и препознатлив визуелен идентитет, AT&T Stadium е повеќе од стадион — тој е искуство. Во 2026 година ќе биде една од највпечатливите сцени на Мундијалот, каде што фудбалот ќе добие вистинска американска димензија.








