Американската армија изврши нови напади врз Иран, што веднаш предизвика нагло зголемување на цените на нафтата на светските пазари поради страв од прекини во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток.
„Пазарот повторно е принуден да го земе предвид ризикот од нарушување во снабдувањето со нафта во цената на нафтата ризикот дека новите напади врз бродови или поширокото нарушување на односите меѓу САД и Иран би можеле да го забават нормализирањето на протокот низ Ормуската Теснина. Тој е клучна точка за глобален транспорт на енергија, „дури и ограничените прекини можат да имаат огромно влијание врз тековните цени, трошоците за превоз и целокупното расположение на пазарот“, предупредуваат економските експерти.
По вестите за нови воени напади на САД, цените на нафтата забележаа остар пораст во четврток наутро.
• Суровата нафта Брент (меѓународниот репер за испорака во септември) порасна за 1,03% и достигна цена од 78,82 долари за барел.
• Американската сурова нафта WTI (за испорака во август) порасна за 1,06%, скокнувајќи на 74,29 долари за барел.
Овој скок следеше по веќе бурната среда, кога цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4% во текот на денот, јасно покажувајќи колку е чувствителен пазарот на најновите случувања меѓу Вашингтон и Техеран.
Утрово, цените на нафтата пораснаа за околу еден процент на азиските пазари, продолжувајќи го растот што следеше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека мировниот процес со Иран е завршен. Ова е најголем порастна цените во последните неколку недели, овјави Н1.
Фото Економија и бизнис








