СУПЕРСИЛИТЕ ВО ТЕХНОЛОШКА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА – САД ЈА ГУБАТ ТРКАТА СО РУСИЈА И КИНА

Лидерската позиција на Соединетите Американски Држави во вселенската сфера е разнишана, додека Русија и Кина сè повеќе им дишат во врат во таа трка, пишуваат медиумите.

„Соединетите Американски Држави толку долго доминираа во комерцијалната вселенска индустрија, но почнуваат да ја губат својата водечка позиција во областа на вселенските технологии, што може да има „застрашувачки последици за националната безбедност“.

Во овој контекст, експертите го наведуваат  побрзото од очекуваното распоредување на руската сателитска констелација „Расвет“ и успешното лансирање на кинеската ракета  со повратна фаза. Двете програми претставуваат конкуренција на американските компании.

Медиумите велат дека одржувањето на американското лидерство е неопходно за „да се избегнат идни конфликти“ во вселената.

Затоа медиумите го поздравуваат планот на претседателот Доналд Трамп да го зголеми бројот на орбитални лансирања на најмалку 1.000 годишно, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано