Странските работници сè почесто се решение за недостигот на кадар во Македонија

Недостигот на работна сила во одредени сектори во Македонија веќе ги принудува компаниите да ангажираат странски работници, но нивното вклучување отвора и низа нови предизвици за работодавачите.

Според Дарко Петровски, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) во одредени гранки веќе се стекнати првите искуства со странски работници, главно со пониски квалификации и претежно од азиски земји. За професионалците во човечките ресурси, тоа значи посложен процес – од обезбедување на работни дозволи и услови за живот и престој, до надминување на културолошките разлики и интеграција на работниците во организациите.

Во интервју за Економија и бизнис, Петровски посочува дека, и покрај можностите за полесна мобилност на работната сила создадени преку „Отворен Балкан“, ефектот досега е ограничен.

Како еден од најголемите предизвици тој го издвојува задржувањето на странските работници во Македонија. Дел од нив, како што вели, настојуваат да заминат во земји каде што можат да најдат подобри можности – односно поради практично истите причини поради кои и дел од македонските граѓани ја напуштаат земјата.


Целото интервју можете да го прочитате на следниоот ЛИНК

Повеќе од истиот автор

Најчитано