НЛБ Групацијата ја зајакнува конкурентноста на компаниите на европските пазари

Стојаноски од НЛБ Банка: Производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, но македонските компании мора да инвестираат во дигитална трансформација и одржливост

Членот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бојан Стојаноски, учествуваше на панел-дискусијата „Производство со висока додадена вредност за извозните пазари”, одржана во рамки на конференцијата „IFC Day in North Macedonia”, организирана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.

Во своето обраќање, Стојаноски истакна дека производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, но дека за нивниот понатамошен развој се потребни современи финансиски решенија кои, покрај инвестициите во производствени капацитети, ќе ја поддржат дигитализацијата, одржливоста и зголемувањето на конкурентноста.

„Нашата цел е да им помогнеме на компаниите да бидат поконкурентни, попродуктивни и подобро поврзани со европските производствени и добавувачки синџири. Денес не е доволно само да се финансираат производствени капацитети, туку потребни се решенија што ќе ја поддржат дигитализацијата, одржливоста, енергетската ефикасност и долгорочниот развој”, истакна Стојаноски.

Тој посочи дека НЛБ Групацијата е меѓу лидерите во одржливото финансирање во регионот, со околу 1 милијарда евра инвестирани во зелени обврзници, додека НЛБ Банка Скопје преку своето портфолио на зелени кредити активно ги поддржува инвестициите на клиентите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.

Повеќе од истиот автор

Најчитано