Забраната за увоз на руски течен природен гас (LNG) во Европската Унија (ЕУ) по краткорочни договори стапи на сила денес, додека се очекува значително намалување на испораките до 2027 година.
На 26 јануари, Советот на Европската Унија одобри целосна забрана за испорака на руски течен природен гас во ЕУ од 1 јануари 2027 година, како и забрана за увоз на гас преку цевководи од 30 септември истата година, додека краткорочните договори за снабдување со гас преку цевководи мора да бидат завршени до 17 јуни 2026 година.
Според проценките на руските медиуми, во 2025 година, Русија беше на второ место, по САД, по вредноста на извозот на течен гас во Европа, со учество од 16,1 процент.
Вкупните испораки на руски гас за Европа во 2025 година изнесуваа 38 милијарди кубни метри, од кои повеќе од 20 милијарди кубни метри беа течен природен гас.
Фото Економија и бизнис






