СТАНБЕНАТА КРИЗА ВО  ШПАНИЈА ПРЕДИЗВИКА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, на земјата моментално ѝ недостасуваат околу 750.000 станови

Шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори откако парламентот го отфрли пакетот мерки на неговата влада за справување со станбената криза. На ова му претходеа граѓански протести, но и присилно иселување на 87-годишната Марија Кармен Абаскал од нејзиниот стан преку ноќ. Така, прашањето за домувањето стана доминантно политичко прашање.

Недостатокот на домување е на врвот на листата на проблеми што ги загрижуваат граѓаните на Шпанија повеќе од три години. Според проценките на шпанската централна банка, на земјата моментално ѝ недостасуваат околу 750.000 станови, а до 2028 година тој број би можел да надмине еден милион.

Една од мерките што се дискутираат во Шпанија е ограничувањето на цените за изнајмување во области со голем притисок врз пазарот на недвижности, пренесува Еуроњуз Србија.

Од 2018 до 2025 година, Шпанија изгуби речиси 400.000 станови што беа понудени на пазарот за долгорочен изнајмување.

Бројот на огласи за трајно изнајмување се намалил од повеќе од 902.660 на нешто повеќе од 510.000.

Вкупната понуда се намалила за 392.573 станови, додека најголем пад е забележан во Каталонија, каде што понудата на долгорочни закупи за осум години се намалила за дури 71,2 проценти, објавува порталот Мундо.

Најизразен пад меѓу големите градови е забележан во Барселона.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано