Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во првиот квартал од оваа година, Србија е прва во Европа по стапката на раст на БДП, наведувајќи дека во тој период, српската економија забележала раст од 3,2 проценти.
„Ова се земјите од Европа по стапката на раст во првиот квартал, Србија е сè уште на прво место, 3,2 е Србија. Зад нас се Полска, Словенија, Кипар, Бугарија, Исланд, Шпанија, Латвија, Естонија, Хрватска, Чешка, Литванија, Шведска, Франција, Холандија, Италија, Словачка, Германија, Швајцарија, Романија и Ирска“, рече Вучиќ во гостувањето во емисијата „Ќирилица“ на ТВ Прва.
Тој додаде дека само во април растот бил четири проценти.
Фото Економија и бизнис








