СЛОВЕНИЈА ПОЧНА ДА МЕРИ ПРОСЕЧНА БРЗИНА НА ВОЗИЛАТА, казната од 1.200 евра за пречекорување на брзината

На почетокот на септември 2026 година, Словенија воведе мерење на просечната брзина на неколку делници од автопати.

Опфатени се следните делници: A1 Логатец–Врхника, во правец на Љубљана; A2 Љубљана–Брод–Водице, во правец на Крањ; A2: Грошупље–Иванчна Горица, во правец на Нови Место. Наскоро треба да се додаде и четврта мерна делница: Подмиљ-Лочица на A1, пишува Ревија ХАК.

Камерите го регистрираат возилото на почетокот и крајот на следената делница и ја пресметуваат просечната брзина врз основа на поминатото растојание и времето на патување. Делницата Логатец-Врхника е затворена мерна делница, додека Љубљана-Брод-Водице и Грошупље-Иванчна Горица се отворени делници со влезови и излези. Возилата што предвреме го напуштаат отворениот дел или влегуваат во него по почетокот на мерењето нема да бидат вклучени во мерењето бидејќи недостасува една од двете задолжителни временски регистрации.

Доколку бидете фатени како возите со 20 км/ч над дозволеното на словенечки автопат, се соочувате со казна од 40 евра.

Доколку го надминете ограничувањето за повеќе од 50 км/ч, казната станува значително поголема и изнесува најмалку 1200 евра. Ограничувањето на брзината на словенечките автопати е 130 км/ч, пренесува Пословни дневник.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано