СЕКОЈ ЧЕТВРТ РАБОТНИК ВО ГЕРМАНИЈА ИМА МИГРАНТСКО ПОТЕКЛО, над половината готвачи, паркетари, градежници и месари се странци

Повеќе од една четвртина од вработените во Германија, или 27 проценти, имаат странско потекло, според официјалните податоци презентирани во понеделник.

Работниците мигранти се незаменливи во многу гранки на германската економија, вклучувајќи ја здравствената заштита, угостителството и градежништвото, соопшти Федералниот завод за статистика, повикувајќи се на податоци од микропопис од 2025 година.

Лицата со мигрантско потекло се презастапени во многу занимања. Според тие податоци, 56 проценти од нив се меѓу готвачите.

Лицето има мигрантско потекло ако емигрирало во Германија по 1950 година или неговите родители емигрирале тогаш.

Производството на храна со 55 проценти, поставувањето подови со 54 проценти, монтажата на скелиња со 51 процент и преработката на месо со 51 процент исто така имаат поголем дел од вработените со странско потекло.

Уделот на работници со мигрантско потекло е значително поголем од националниот просек во неколку занимања во кои има недостиг од квалификувана работна сила: кај професионалните возачи тој е 41 процент, во хотелските услуги 40 проценти и во здравствената заштита и грижата за стари лица 33 проценти, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано