СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА НОВИ 26.000 ВАКЦИНИ

До вчерашниот ден за вакцинација против сезонски грип се пријавени речиси 66.800 граѓани. Од повиканите за вакцинација со СМС се 6.700 граѓани, а вакцинирани се речиси 3.300 граѓани во три работни дена. Значи, во основа темпото е речиси 1.000 вакцинирани дневно. ​Најмногу пријавени има од Скопје (речиси 20.000), потоа од Битола, Прилеп, Струмица и Тетово – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Од неделава, посочи тој, здравствените домови почнуваат со вакцинација во установите за возрасни лица, а од следната недела ќе се вакцинираат пациентите во центрите за дијализа. ​Појасни дека деновиве очекуваат нови закажувања термини и да се стигне до ритам на вакцинација од 1.700 до 2.000 вакцинации дневно.
 
– Денеска склучивме договор за набавка на нови 26.000 вакцини, со тоа што вкупниот број на достапни вакцини е 56.000, а имаме најава за нови 30.000 вакцини до крајот на ноември, со што вкупниот број достапни вакцини ќе биде 86.000 (или за речиси 20.000 повеќе од моментно пријавените). ​Вакцини има доволно за сите, сите ќе бидат вакцинирани и барам одредено трпение од граѓаните да ја добијат својата покана и да го направат тоа. ​Речиси 500 граѓани не се јавиле на термините за вакцинација, што е речиси 13 проценти нереализирани термини – истакна Клековски.

Воедно, тој ги повика граѓаните кои знаат дека не може да го искористат терминот, да се одјават од терминот за тој да биде достапен за некој друг.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано