Високите кирии, зголемените трошоци за здравствено осигурување и стагнацијата на платите доведоа до тоа многумина швајцарски граѓани помалку да штедат, а некои едвај ги покриваат основните трошоци за живот.
Според анкетата на швајцарскиот весник „Блик“, во која учествувале повеќе од 7.000 читатели, речиси една третина од испитаниците имаат помалку од 500 франци месечно откако ќе ги платат сите фиксни трошоци. 13 проценти од нив немаат преостанат износ, додека нешто повеќе од една четвртина успеваат да заштедат повеќе од 3.000 франци месечно.
Се повеќе луѓе бараат решение надвор од земјата. Пензионерите се преселуваат во Шпанија бидејќи нивната пензија од 1.900 франци повеќе не била доволна за живеење во Швајцарија.
Зголемувањето на цените на домувањето и здравственото осигурување најмногу ги погодува домаќинствата со ниски и средни приходи, а барањата за итни мерки за спречување на понатамошно влошување на социјалната состојба се сè погласни, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис






