ШВАЈЦАРИЈА СО НАЈВИСОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ

Швајцарската економија порасна за 1,5 проценти на квартална основа во вториот квартал од 2026 година, што е најбрзо темпо за речиси пет години, според првата прелиминарна проценка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања.

Резултатот беше значително подобар од очекувањата на економистите, кои прогнозираа раст на швајцарската економија од само 0,2 до 0,4 проценти во вториот квартал, објавува Свис инфо.

Економскиот раст беше особено стимулиран од индустријата, а само хемискиот и фармацевтскиот сектор се одговорни за околу две третини од вкупниот раст на швајцарската економија.

Кварталниот раст во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 0,4 проценти, а во последниот квартал од 2025 година само 0,2 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано