Шпаркасе Банка и „Генералка викенд“ ја продолжуваат својата успешна соработка насочена кон поддршка на еколошките иницијативи и создавање поодржлива иднина и заедно со Zlatica Civkaroski, Член на УО на Шпаркасе Банка и Gordana Sofija и Hannes Jaeckl од Man And Mountain LLC ја потпишаа двегодишната соработка.
– Како Банка која ги интегрира #ESG принципите во своето работење, веруваме дека вистинските промени се создаваат преку заедничка акција и активно учество во заедницата. Преку платформата #SparkasseLife, продолжуваме активно да поддржуваме проекти што придонесуваат за заштита на животната средина, развој на еколошка свест и позитивни промени. Веруваме дека заедничката акција има моќ да создаде вистинско влијание, велат од Шпаркасе Банка.
Од банката додаваат дека со гордост се дел од „Генералка викенд“, иницијатива што ги обединува граѓаните, институциите и компаниите околу заедничка цел: почиста и поздрава животна средина за сите.








