Шпаркасе Банка АД Скопје отвори нова експозитура во Сарај

Шпаркасе Банка АД Скопје ја проширува својата продажна мрежа со отворањето нова експозитура во Шопинг центар Сарај, на ул. „2“ бр. 6 во Скопје. Експозитурата е отворена за клиентите секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Шпаркасе Банка АД Скопје отвори нова експозитура во Сарај

Со новата локација во Сарај, Шпаркасе Банка продолжува да инвестира во унапредување на достапноста на своите производи и услуги, обезбедувајќи современо и квалитетно банкарско искуство. Експозитурата е уредена во согласност со највисоките стандарди на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, со акцент на функционалноста, удобноста и ефикасната комуникација со клиентите од Сарај и од околните населени места.

Шпаркасе Банка АД Скопје и понатаму ќе продолжи да инвестира во развојот на својата инфраструктура, продажна мрежа и експертски тим, создавајќи современи, функционални и клиентски ориентирани простори, во кои клиентите можат едноставно, брзо и ефикасно да ги користат сите банкарски производи и услуги, наменети за физички и правни лица.

Во согласност со својата стратегија за дигитализација и унапредување на корисничкото искуство, Банката истовремено ги развива и своите дигитални канали. Преку мобилното и електронското банкарство, клиентите имаат постојан пристап до своите финансии и можат брзо, едноставно и безбедно да ги остварат своите секојдневни банкарски потреби, во секое време и од каде било.

Повеќе од истиот автор

Најчитано