Досегашниот министер за здравство, Азир Алиу, денеска, во Министерството му ја предаде функцијата на новиот министер, Сашо Клековски.
На средбата, како што е објавено на фејсбук-страницата на Министерството, се разговарало за досегашните проекти, тековните процеси и за активностите што во изминатиот период беа во фокусот на оваа институција.
Сашо Клековски е еден од осумте нови министри, кои беа избрани синоќа на собраниската седница за реконструкција на Владата.
Клековски пред да биде назначен на министерката функција беше директор на Фондот за здравствено осигурување, а сега со реконструкцијата на Владата, ќе го предводи Златко Перински, кој претходно беше министер за локална самоуправа.
Фото: ФБ на Министерство за здравство








