САД БАРААТ ГАРАНЦИИ ОД ИРАН ЗА СЛОБОДНА ПЛОВИДБА НИЗ ОРМУСКАТА ТЕСНИНА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Иран јавно да се обврзе да обезбеди слободна и безбедна пловидба низ Ормуската Теснина, стратешки важен поморски премин низ кој минува значаен дел од светската трговија.

Според американските медиуми и извештаите на Би-Би-Си, Вашингтон му доставил на Техеран барање да потврди дека теснецот е отворен за меѓународен сообраќај и дека нема да има напади врз трговски бродови. Доколку Иран не ги исполни овие барања, САД предупредуваат на можни последици.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно го потврди крајот на прекинот на огнот во конфликтот со Иран, но во исто време ја остави можноста за продолжување на дипломатските контакти. Трамп изјави дека Техеран побарал продолжување на преговорите, што Вашингтон го прифатил.

Сепак, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи, ги отфрли тврдењата дека Иран иницирал разговори со Соединетите Американски Држави, пренесува Вијести.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано