ПУШТЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ БИЛЕТИ ЗА ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ, цената за ВИП места достигнува неколку илјади евра

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дополнителен контингент билети за финалето на Светското првенство, кое ќе се игра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, во американската држава Њу Џерси.

Цените на новиот контингент покажуваат дека присуството на финалето ќе биде достапно главно за оние со многу длабок џеб.

Повеќе од 1.100 нови билети по цена од 7.380 долари ФИФА објави вкупно 1.178 билети од втората категорија.

ВИП седиштата чинат до 34.500 долари. За навивачите кои сакаат седишта поблиску до теренот или пристап до ексклузивни ложи, цените се неколку  пати повисоки.

ФИФА, исто така, објави 68 билети од прва категорија, чии цени се движат од 19.995 до 32.970 долари, додека луксузните ВИП пакети со храна и пијалоци достигнуваат и до 34.500 долари.

ФИФА сè уште не одговорила зошто дополнителниот контингент билети се појавил само неколку дена пред финалето, откако официјалниот систем покажа дека натпреварот е распродаден.

За споредба, билетите за четвртфиналните натпревари на Светското првенство можеа да се купат за помеѓу 1.600 и 3.995 долари, што дополнително покажува колку интересот за големото финале ги зголеми цените, објавија медиумите.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано