ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ТРАМП ДОКОЛКУ ФЕД НЕ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ – следува прекин на трговијата со некои земји

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно побара од Федералните резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки.

Во исто време, тој се закани дека ќе ја прекине трговијата со земјите со кои САД имаат трговски дефицит доколку централната банка не ги намали трошоците за задолжување, објави CNBC.

Трамп го поднесе барањето откако беа објавени податоците според кои американските работодавци создале 162.000 нови работни места во август, значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

Стапката на невработеност во САД остана на 4,1 процент.

„Намалете ги каматните стапки, бидејќи САД се многу посилни кредитно отколку што беа пред само кратко време“, објави Трамп на социјалната мрежа, оценувајќи дека посилната економија треба да овозможи пониски каматни стапки.

Тој изјави дека Соединетите Американски Држави треба да имаат „најниска каматна стапка од која било земја во светот“, како што, според него, беше и претходно.

Во исто време, Трамп ги повика членовите на Одборот на гувернери на Федералните резерви да дејствуваат во интерес на САД и ги критикуваше високите каматни стапки, тврдејќи дека тие ја ставаат американската економија во неповолна положба во споредба со другите земји.

Сепак, најновите податоци за вработеноста дополнително ги комплицираат очекувањата во врска со одлуката на Федералните резерви.

Растот на вработеноста од 162.000 во август беше далеку над прогнозите, додека стапката на невработеност остана непроменета на 4,1 процент, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано