ПРЕД ФИНАЛЕТО ЛЕО МЕСИ СО ПИСМО ДО АРГЕНТИНСКАТА ЈАВНОСТ 

2/16 — MetLife Stadium (Њујорк/Њу Џерси)

Вечерта пред големото финале на Светското првенство Меси со писмо се обрати до целата аргентинска јавност. Во писмото Меси напиша:

„Најубавото во сите овие години никогаш не беа само титулите, туку целото патување.

Да се дели секојдневието со оваа група, да се натпреваруваме заедно, да се исправаме по тешките моменти и да уживаме во секој чекор.

Благодарам на секој од моите соиграчи, на стручниот штаб и на сите прекрасни луѓе кои секој ден работат оваа репрезентација да остане едно семејство.

Што и да се случи утре, оваа група веќе испиша приказна што никогаш нема да ја заборавиме и што никој нема да може да ја избрише.

Напред, Аргентина!“

Повеќе од истиот автор

Најчитано