ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ГРАЃАНИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД 50 ЕВРА, исплатата е дел од финансискиот пакет на Србија

Повеќе од милион граѓани поднеле барање за еднократна финансиска компензација во износ од 6.000 динари, објави Министерството за финансии на Србија.

„Правото на оваа парична компензација го остваруваат полнолетни граѓани на Република Србија кои ги исполнуваат пропишаните услови. Граѓаните кои имаат статус на носител на права во согласност со Законот за право на бесплатни акции не треба да аплицираат, бидејќи нивната исплата се реализира од средствата на Фондот на акционери. Носителите на права ќе добијат пари врз основа на тоа, а исплатата е закажана за 22 септември“, потсетуваат од Министерството за финансии.

При аплицирањето, потребно е да имаат важечка лична карта и да ги исполнуваат условите – да се државјани на Република Србија, да имаат место на живеење во Србија и да имаат наполнето 18 години на денот на стапување во сила на законот, 1 септември.

Министерот за финансии Синиша Мали потсети дека исплатата на надомест од 6.000 динари е дел од поголема програма за помош на граѓаните на Србија во износ од 980,6 милиони евра и потсети дека во рамките на тој пакет помош се поделени 30.000 туристички ваучери од по 10.000 динари и дека се намалени цените на лековите, пренесуваат медиумите во Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано