ПОСТЕПЕНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ И ДОБРОВОЛНО ПРОДОЛЖЕНО РАБОТЕЊЕ ПО ПЕНЗИСКАТА ВОЗРАСТ – ПРЕПОРАКИ ОД ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ОДРЖЛИВОСТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

Без реформа на сегашниот пензиски систем, дефицитот расте од 52% од БДП во 2025 на 6,3% до 2030 и достигнува врв од околу 6,6% во 2035-2037 година. Најризичен период е 2038-2048, кога транзициските трошоци го достигнуваат врвот, а бројот на осигуреници на еден пензионер паѓа под 1,3. На долг рок дефицитот навидум се намалува, на 5,5% во 2050 и 2,7% в0 2070, но тоа не е подобрување: пензиите се повеќе заостануваат зад платите, па односот меѓу просечната пензија и нето платата паѓа од 59% на 35% до 2050, Во апсолутен износ дефицитот расте цело време, а околу средината на 2040-тите ќе има помалку осигуреници отколку пензионери, беше речено на денешната презентација на студиите за Одржливоста на пензискиот систем и потенцијалните реформи во просториите на Фискалниот совет.

При презентацијата на податоците за можните сценарија за рефроми во пензискиот ситем, претседателот на Фискалниот совет, Абдулменаф Беџети, нагласи дека тие имаат советодавна функција и нивните совети се однесуваат на долг рок, додека чинителите на политиките одлучуваат што ќе се прифати од предложените сценарија.

  • Одамна се наоѓаме под фискален притисок  и на границата сме да го поминеме формалните прагови. Неопходно е да се работи на проширување на фискалниот простор преку  намалување на неформалното вработување, изјави Беџети.

Благица Петрески, извршен директор на Finance Think, која ја претстави студијата „Одржливост на пензискиот систем во Северна Македонија”, се осврна на неколкуте симулации што беа направени за одржливоста на пензискиот систем во наредните две-три децении, како и за препораките кои се предлагаат за намалување на дефицитот во пензискиот фонд.

  • -Во препораките во периодот 2026-2030 година се предвидува индексација со фискален механизам,само инфлација кога дефицитот е над утврдениот праг, 50/50 кога е под него. Дополнително, постепено зголемување на придонесите од 18,8 отсто на 20 отсто. На среден рок (2030-2040, препораките се однесуваат на  поголемо активирање на жените, преку отворање на градинки, подолго останување на пазарот на труд, доброволно продолжено работење по пензиската возраст, на инизцијатива на работникот и формализација и вработување на младите, рече  Благица Петрески

Шпреса Алија, ја престави анализата за „Перформансите и динамичката оптимизација на вториот пензиски столб во Северна Македонија„, во која се посочува на промената на конзервативниот  модел на инвестирање  и промена на акциското портфолио преку примена на скалесто инвестирање во акции со повисок ризик, но кои носат поголеми приноси за пензискиот осигуреник. Ова се предлага за помладите осигуреници, а со зголемување на возраста, односно за лицата кои се десет години пред пензионерирање, да се вложуваат во акции со пониски, но постабилни приноси.

Во дискусијата се вклучи и Глигор Бишев, претходниот претседател на Фискалниот совет, кој препорача анализите да се надополнат и со податоци за ефектите врз економскиот раст доколку остане сегашниот дефицит во пензискиот фонд.  

Во денешната презентација беше напомнато дека пензискиот систем на Северна Македонија е под структурен фискален притисок кој веќе е присутен, а не е прашање на далечна иднина. Структурниот дефицит на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување — пензиите, транзициските трошоци за вториот столб и придонесите за здравство, намалени за сопствените приходи од придонеси-во 2025 година достигна 54,4 милијарди денари, или 5,2% од БДП. Тоа значи дека околу 41% од расходите на Фондот се покриваат од буџетот, наспроти околу 369 во 2023 година.

Дефицитот е резултат на три влијанија што дејствуваат повеќе од две децении. Прво, стапката на придонеси беше намалена од 21,2% на 18% во 2009-2010 година (од 1 Јули 2025 е 19,9%), а пензиите повеќепати беа зголемувани надвор од законската формула. Второ, демографските трендови: стапката на фертилитет е 1,6, природниот прираст е негативен од 2019, а од 2021 бројот на лица над 65 години го надминува бројот на деца. Трето, пазарот на труд: неформалноста повторно порасна на 13,5%, a жените остануваат значително помалку економски активни од мажите.

Од 2023 година расходите за пензии растат значително побрзо од приходите од придонеси — во 2025 година 19% наспроти 8,8%. Тоа не е демографски ефект, туку резултат на индексацијата и на линеарните зголемувања на пензиите.

Студијата покажува дека ниту една поединечна мерка не е доволна, Со реформа, односно комбиниран пакет од постепено зголемување на придонесот на 20%, индексација само со инфлацијата, поголемо учество на жените на пазарот на труд и намалување на неформалноста, дефицитот паѓа на 4,2% од БДП до 2030 наместо на б,3%,адо 2050 година под 0,5% Промената на пензиската возраст во тој пакет има мал дополнителен ефект, помал од 0,2 процентни поени од БДП. Цената е пониска стапка на замена (пензија 8 однос на нето плата). Ако пак се задржи сегашната формула за индексација, дефицитот останува над 4% од БДП до 2040 година

Краткорочната фискална заштеда е колку помалку пари буџетот би префрлил во Пензискиот фонд во првите десет години од потенцијалната реформа (2026-2035), во споредба со сценариото без реформа. Со комбинираниот пакет таа изнесува околу 337-341 милијарда денари (околу 5,5 милијарди евра), или околу 30% од БДП кумулативно. Годишно, тоа е во просекоколу З4 милијарди денари (околу 550 милиони евра), односно околу 3% од БДП. Тоа е три до четири пати повеќе од најдобрата поединечна мерка, индексацијата само 8 инфлација, која заштедува околу 179 милијарди денари (околу 2,9 милијарди евра).

Сепак, студијата предупредува на суштинска дилема меѓу одржливоста и адекватноста на пензиите: со индексација само според инфлацијата стапката на замена паѓа на околу 22% до 2050 година, наспроти 35% при сегашната формула, а двете вредности се под прагот од40% што се користи како минимум. Затоа препораката е гарантирана минимална пензија наместо ад-хок зголемувања, и индексација со автоматски фискален механизам наместо дискрециони одлуки.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано