Во петок, 2 октомври 2026 година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Северна Македонија во рамките на нејзината шеста годишна турнеја низ регионот на Западен Балкан.
За време на посетата на Северна Македонија, претседателката фон дер Лајен ќе оствари средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, по што ќе ја посети и локацијата на проектот за железничкиот Коридор VIII (финансиран од ЕУ), заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Покрај Северна Македонија, претседателката фон дер Лајен ќе ги посети и Албанија, Косово и Црна Гора. Нејзините активности ќе бидат насочени кон следните чекори потребни за напредок на партнерите на нивниот пат кон ЕУ и кон тековниот процес на постепена интеграција, поддржан преку Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра. Со оглед на претстојните парламентарни избори во Босна и Херцеговина и во Србија, претседателката планира да ги посети овие земји во подоцнежен термин.








