РАСТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАБАВУВА, БЕРЗАНСКИТЕ ИНДЕКСИ ВО ПОРАСТ

Во вториот квартал од годината, од април до јуни, американската економија забележа раст од 2,2 проценти, што е за 0,3 проценти помалку раст во споредба со првиот квартал, од јануари до март, објави денес Министерството за трговија на САД.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) забави во споредба со првите три месеци од годината, кога изнесуваше 2,5 проценти, но беше далеку над очекувањата на економистите кои предвидуваа мали промени или дури и стагнација.

Личната потрошувачка, која сочинува околу 70 проценти од економската активност на САД, порасна со годишна стапка од 3,8 проценти, во споредба со само 0,7 проценти во првиот квартал.

Трошењето беше под влијание, меѓу другото, и на зголемувањето на вредноста на акциите поврзани со вештачката интелигенција.

Американските берзански индекси пораснаа денес откако новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД забавила повеќе од очекуваното во август.

Индексот „S/P 500“ порасна за 0,5 проценти, а „Nasdaq“ за 0,9 проценти, додека „Dow Jones“ беше речиси непроменет.

Индексот на цени за лични трошоци за потрошувачка (PCE), кој Федералните резерви на САД (FED) го користат како еден од клучните индикатори за инфлација, се зголеми за 3,4 проценти на годишно ниво во август, откако порасна за 3,7 проценти во јули, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано