ПО КОНФЛИКОТ ВО ИРАН ТРОШОЦИТЕ ЗА НАФТА И ГАС ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 30 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Трошоците на Европската Унија за увоз на нафта и гас, поради конфликтот на Блискиот Исток, се зголемија за повеќе од 30 милијарди евра, изјави европскиот комесар за енергетика, Ден Јергенсен.

Тој изјави дека Европската комисија инсистира на забрзување на транзицијата на енергетскиот систем на ЕУ кон алтернативни извори на енергија.

 „Трошоците на ЕУ за набавка на фосилни горива се зголемија за повеќе од 30 милијарди евра од почетокот на конфликтот“, рече комесарот на прес-конференција во Брисел, Според проценките на Европската комисија, 57 проценти од енергијата што ја троши ЕУ доаѓа од увоз на јаглеводороди. Во текот на 2025 година, Унијата издвои околу 340 милијарди евра за ова, додека од 28 февруари 2026 година, односно од почетокот на конфликтот меѓу Израел, САД и Иран, потроши дополнителни 24 милијарди евра.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано