ПИПЕРКИ ОД АЛБАНИЈА СО ПРИСУСТВО НА ПЕСТИЦИДИ ОТКРИЕНИ НА ХРВАТСКАТА ГРАНИЦА, речиси 15 тони пиперка беа уништени

Бранот на повлекување и уништување на свежа пиперка увезена од Албанија го привлече вниманието на инспекциската служба во регионот, откако официјалните анализи покажаа присуство на опасни и забранети пестициди во повеќекратно зголемени концентрации.

Дури 14,7 тони црвени пиперки со потекло од Албанија беа уништени во Хрватска, откако лабораториската анализа утврди висока концентрација на фунгицид проквиназид. Тоа е хемикалија која е одобрена во земјоделството за употреба во лозови насади за контрола на габични заболувања (како што е прашкаста мувла), но нејзината употреба кај зеленчук е целосно забранета.

Неколку дена претходно, на 7 септември, друга пратка албанска пиперка беше уништена на истата територија поради утврденото високо ниво на пестицидот ацетамиприд.

Покрај случаите во Хрватска, опасни хемикалии во свежи пиперки од Албанија беа откриени и на словенечката граница, како што објави Европскиот систем за безбедност на храната, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано