Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво.
Како што е наведено во соопштението на Општината, во рамки на проектот се доделуваат канти за пластична (ПЕТ) амбалажа на 60 домаќинства, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво.
Проектот, велат, претставува почетна фаза од поширока иницијатива за постепено проширување на системот за селекција на отпад низ целата општина, со активно вклучување на граѓаните во процесите за заштита на животната средина.
– Донацијата е обезбедена од Центарот за климатски промени, во рамки на проектот „Младите и жените – двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLeadRural)“, како дел од програмата BOOST Balkans, поддржана од ALDA – European Association for Local Democracy и ALDA Balkans, преку AFD – Agence Française de Développement – стои во соопштението.
Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека остануваат посветени на реализација на современи и одржливи еколошки политики, насочени кон создавање почиста и поздрава животна средина за граѓаните.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








