Отворете депозит од каде и да сте – Шпаркасе Банка со нова атрактивна понуда за Онлајн депозит

Отворете депозит од каде и да сте – Шпаркасе Банка со нова атрактивна понуда за Онлајн депозит

Летото е период кога сакаме да си го олесниме секојдневието, а токму тогаш и финансиските одлуки можат да бидат едноставни и достапни од каде било. Со Онлајн депозитот на Шпаркасе Банка, клиентите можат да ги орочат своите средства директно преку мобилната апликација S-Banka, без посета на експозитура и без непотребна документација.

Во моментов, за нови Онлајн депозити, Шпаркасе Банка нуди фиксни каматни стапки до 3,80 % за денарско и до 3,00 % за штедење во евра, во зависност од валутата и од периодот на орочување.

За денарски депозити, клиентите можат да изберат орочување на 13, на 25 или на 36 месеци, со фиксна годишна каматна стапка до 3,50 %, до 3,70 % и до 3,80 %, соодветно. За депозити во евра, достапни се периоди на орочување од 12, 25 и 36 месеци, со фиксни каматни стапки до 2,60 %, до 2,80 % и до 3,00 %, соодветно.

Средствата може да се наоѓаат на која било сметка. Потребно е само клиентот да ги префрли онлајн на својата сметка во Шпаркасе Банка, а потоа веднаш да пристапи кон отворање Онлајн депозит преку мобилната апликација S-Banka. Целиот процес се одвива дигитално, без посета на експозитура и без дополнителни административни чекори.

А, можноста депозитот да се отвори целосно дигитално значи дека одлуката за штедење не мора да чека да се вратиме од одмор. На плажа, на планина, на викенд со семејството или од удобноста на домот – средствата може да ги орочите кога и да одлучите, директно преку вашиот телефон.

Со Онлајн депозитот, Шпаркасе Банка овозможува едноставен начин постојните средства да добијат потенцијал за принос, со однапред позната фиксна каматна стапка и целосно дигитален процес.

За клиентите што преферираат подолгорочно штедење, Банката во својата понуда го има и Депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, како и Детскиот депозит Медо Штедо, наменет за долгорочно штедење за најмладите.

Летото е за уживање. Вашите заштеди можат да работат за вас – каде и да сте.

Повеќе од истиот автор

Најчитано