Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало
NLB Next урбаните зони се проект на НЛБ Банка, реализиран во соработка со општините Центар и Чаир, со цел да се создадат современи и функционални простори што ги поврзуваат младите и го збогатуваат животот во маалото. Зоната е отворена и достапна за сите, како практично место за пауза меѓу предавања, средба со друштвото или краток одмор. Со модуларни клупи, масички, жардињери, осветлување и ново зеленило, просторот е претворен во пријатно урбано катче во кое секој може да се задржи, да се одмори и да ужива.

Посебен визуелен печат на зоната ѝ дава исцртаната подлога во паркчето, авторско дело на Драган Китановски – Драш, еден од најпрепознатливите и најдоследни автори на македонската улична сцена. Визуелното решение ја носи пораката „Чувај го твоето маало“ како постојан потсетник дека убавината и вредноста на заедничкиот простор зависат од грижата и одговорноста на секој од нас.
Зоната кај „Кино Карпош“ е првата од четирите планирани локации. Во наредниот период, во Општина Центар ќе бидат поставени уште две NLB Next зони: на булевар „Партизански Одреди“, кај Соборниот храм, и на Боемска улица, непосредно до Градежниот и Архитектонскиот факултет. Четвртата зона ќе биде отворена во Општина Чаир, спроти Балканскиот универзитет. Урбаните зони ја преточуваат во реален простор идејата врз која е создаден NLB Next- младите да добијат поддршка, слобода и можности за полесен почеток на нивната самостојност. Затоа NLB Next не е само банкарски пакет, туку концепт што го следи нивниот начин на живот: динамичен,дигитален и поврзан.

NLB Next е целосно бесплатен пакет наменет за млади од 18 до 25 години, кој обединува услуги за едноставно секојдневно банкарство, дигитално управување со финансиите и поволности приспособени на нивните потреби и ритам. Со него, НЛБ Банка им овозможува на младите полесно и посигурно да ги направат своите први самостојни финансиски чекори, со решение што им е достапно таму каде што се и тогаш кога им е потребно.



Со четирите NLB Next урбани зони, оваа поддршка излегува надвор од рамките на банкарството и станува видлив дел од секојдневието на младите, во просторите каде што се среќаваат, споделуваат идеи, создаваат нови можности и го градат духот на своето маало.








