Ова значајно национално признание се доделува за најдобрите практики и иновативни решенија што организациите ги применуваат за унапредување на благосостојбата на своите вработени, поттикнување на нивниот професионален развој и создавање работна средина која придонесува за поголема ангажираност, продуктивност и задоволство.
Наградата претставува силна потврда за континуираната посветеност на НЛБ Банка кон градење современа и поддржувачка организациска култура, во која вработените се во центарот на вниманието. Преку бројни иницијативи и програми насочени кон нивниот личен и професионален развој, Банката систематски инвестира во создавање услови за кариерен напредок, баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, како и во унапредување на севкупната благосостојба на својот тим.
„Во НЛБ Банка веруваме дека вложувањето во луѓето е највредната инвестиција во иднината на Банката. За нас, ова признание претставува силна потврда дека вистински и одржливи промени се создаваат тогаш кога вработените се слушнати, вклучени и поддржани. Преку програмите што ги развиваме, не само што поттикнуваме едукација и професионален развој, туку и ги охрабруваме нашите вработени да бидат двигатели на позитивни промени. “- истакнува по повод наградата Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје упатувајќи искрена благодарност до Здружението Конект и Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија за препознавањето на овие заложби и нивното значење во градењето одговорна и одржлива организациска култура.
Грижата за вработените претставува суштински дел од организациската култура на Банката и е целосно усогласена со принципите на одржливиот развој и одговорното корпоративно работење. Вложувањата во благосостојбата и развојот на вработените ги потврдуваат заложбите на Банката да биде организација која создава трајна вредност за заедницата, општеството и идните генерации.








