НЕДЕЛЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНОТ ВО САД, највисоко ниво од јули 2022 година

Просечната цена на бензинот во Соединетите Американски Држави се искачи на 4,51 долар за галон, највисоко ниво од јули 2022 година.

Зголемувањето на цените е поврзано со продолжувањето на конфликтот во Иран и прекините во Ормуската Теснина, клучен пат за глобален транспорт на нафта, каде што сообраќајот е ограничен, објави ABC.

Цената на бензинот се зголеми за 21 цент за галон во споредба со минатата недела, додека е поскап за повеќе од 1,50 долари од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари.

Аналитичарот во енергетска компанија, Патрик Дехан, предупреди дека цените би можеле да продолжат да растат поради ниските залихи и неизвесноста на пазарот.

„Залихите на бензин во САД се веќе на повеќегодишни сезонски најниски нивоа, што значи дека цените ќе се соочат со уште поголем притисок нагоре“, рече Дехан, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано